блог

Како да се подготвите за интервју

Image

Во продолжение следат нашите совети како да се подготвите за интервју.

Што да очекувате

Постојат неколку типови на интервју:

  • Преку телефон – Прв чекор со потенцијалниот работодавач каде се врши пре-селекција на кандидати. Доколку успешно го поминете телефонското интервју ќе ве поканат на интервју и во живо.
  • Видео – Преку Skype, FaceTime или YouTube, овој начин на интервју е во пораст за позиции во продажба, маркетинг или медиуми. Обично се дел од пре-селекцијата слично како и телефонските интервјуа.
  • Еден-на-еден – средба со одговорен од компанијата на интервју лице во лице. Обично се формални но може да се одржат и за време на ручек или кафе пауза. Може да ве интервјуираат и повеќе луѓе но во различни периоди.
  • Панел – Слично на еден-на еден интервјуата но од другата страна се два или повеќе претставници од компанијата најчесто од различни сектори во компанијата.
  • Групно интервју – Повеќе кандидати се интервјуирани истовремено. Се поставуваат одредени прашања на кои се разговара во група.
  • Центри за проценка – Овој начин вклучува подготовка на презентации, тестови, вежби и слични техники за проценка на квалификациите на кандидатите согледани во различни ситуации. Обично се одвиваат во големи комапнии или организации и може да се одвиваат од еден до три дена. Доколку не сте сигурни што да очекувате контактирајте го регрутерот да ве подготви соодветно.

Пред интервју

Интервјуата бараат многу истражување и подготовка. Генерално треба да се следат следниве чекори за подготовка за интервју.

  • Антиципирајте ги потенцијалните прашања и подгответе спремни одговори. Размислете како ќе објасните некои делови од вашата биографија како на пример зошто сте заминале од претходното работно место.
  • Контактирајте ги личностите кои сте ги навеле како референца и информирајте ги дека можеби ќе ги контактираат.
  • Целосно проучете ја позицијата за која аплицирате преку внимателно читање на огласот за позицијата, истражување околу кои вештини, интереси или искуство се неопходни и кои работодавачот ги смета за критеруим за добивање на работата. Подгответе прашања кои вие би ги поставле.
  • Прочитајте ја веб страната на компанијата, профилите на социјалните медиуми и останати достапни извештаи (бизнис пла, финансиски извештај, корпоративна одговорност и сл.).
  • Истражувајте за новостите, трендовите, конкурентите и можностите на секоторот за кој аплицирате.
  • Уште еднаш проверете ја вашата биографија и апликацијата.
  • Одберете соодветна облека еден ден претходно и одбегнувајте прекумерна употреба на алкохол вечер пред интервјуто. Планирајте го патот до комапнијата и осигурајте се дека ќе пристигнете барем 10 минути порано. На самиот ден на интервјуто појадувајте здраво и одбегнувајте премногу кофеин.

Што да понесете со вас

Во поканата за интервју можеби ќе бидат наведени работите што ќе ви требаат но генерално треба да ги понесете следниве работи:  

  • Шише со вода
  • Точна адреса на компанијата и Google Maps на вашиот телефон за да се снајдете (доколку немате инсталирано апликација или имате постар модел на телефони обична хартиена мапа ќе заврши работа)
  • Детали за личноста која треба да ве пречека или интервјуира.
  • Сертификати, референци и печатена копија од вашата биографија
  • Пари
  • Пенкало и тефтерче
  • Документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • Мобилен телефон

Како да оставите добар впечаток

  • Одговарајте на прашања кратко и јасно
  • Поставувајте релевантни прашања во соодветно време бидејќи на овој начин покажувате дека го следите соговорникот.
  • Одбегнувајте да збоувате за лични проблеми
  • Бидете ентузијасти
  • Покажете добри манири со сите што ќе ги сретнете додека не започне интервјуто и на самото интервју
  • Покажете позитивен говор на тело, одржете контакт со очи, смејте се умерено и зборувајте јасно.
  • Никако не зборувајте лошо за претходните работодавачи.
  • Ракувајте се цврсто пред и по завршувањето на интервјуто.
  • Потенцирајте ги вашите квалитети, искуство и достигнувања кои се соодветни за позицијата за која аплицирате поткрепени со практични примери.
  • Напоменете дека сте на располагање за дополнителни прашања и по завршување на интервјуто (по телефон, на маил и сл.)
  • Опуштете се и седете во природна позиција без клатење на стол или потпирање на маса.
  • Нека рацете ви бидат на видливо место бидејќи ова е знак на чесност.
  • Носете соодветна облека и чисти чевли.

Совети како да останете смирени

Доколку сте вознемирени пред и за време на интервјуто можете да заборавите и наједноставни работи кои веќе сте подготвиле. На овој начин можете да оставите впечаток дека не сте присутни или сте непријателски расположени. Во продолжение неколку идеи како да останете смирени

  • Бидете свесни за редоследот на интервјуто и фактот дека најчесто се почнува со полесни прашања од типот – кажете ни нешто за вас.
  • Вежбајте пред интервјуто бидејќи физичката активност ја согороува негативната енергија и создава чувство на опуштеност и благосостојба.  
  • Направете пауза пред да одговорите на некое тешко прашања и направете концепт во глава или доколку не ви е јасно прашањето побарајте објаснување.
  • Потсетете се дека најлошо нешто што може да се случи е да не ја добиете работата – секогаш ќе има друг работодавач кој ќе успее да ги согледа вашите квалитети.
  • Одете во ВЦ пред интервјуто за да бидете фокусирани
  • Земете длабоко вздух и не зборувајте многу брзо.
  • Фаќајте прибелешки за најважните точки на разговорот.
  • Размислувајте за позитивни настани или искуства пред почетокот на интервјуто кои ќе ви помогнат да се опуштите и да останете смирени.

Вежбајте интервју

 

  • Можете да побарате совет и фидбек по неуспешно инетрвју и да увидите каде сте потфрлиле.
  • Симулирајте интервју со личност на која и верувате или сами пред огледало.
  • Снимајте се додека вежбате и потоа преслушајте ја снимката за да увидите каде може да се подобрите.
  • Повторно размислете околу прашањата кои ви ги поставиле и запишете ги одговорите за да видите каде може да дадете посоодветен одговор.
  • Вежбајте прашања и одговори со вашиот ментор или пријател
  • Истражувајте и планирајте ги вообичаените прашања за на интервју.

Телефонски интервјуа

Овој тип на интервјуа обично се користат како ефикасен начин за пре-селекција. Често варираат во должина на разговорот но обично се помеѓу 20-30 минути. Треба да се подготвите за интервју по телефон како и за интервју во живо и генерално да ги имате во предвид следниве точки:

  • Упатете го оној што ве интервјуира до LinkedIn профил доколку е можно за да зборувате околу конкретни точки;
  • Најдете мирно место каде нема да ве прекинуваат во разговорот;
  • Наполнете го вашиот мобилен и исклучете ги повиците на чекање;
  • Запишете ги главните точки за кои сакате да разговарате за да ви бидат пред очи во текот на интервјуто;
  • Имајте при рака чаша со вода;
  • Имајте при рака пенкало и тефтерче;
  • Имајте интернет пристап;
  • Нека ви бидат пред очи вашата биографија, апликацијата и описот на работното место за кое аплицирате;
  • Не го прекинувајте оној што ве интервјуира;
  • Не пушете, не џвакајте мастика и не јадете додека сте на телефон;
  • Насмевнете се бидејќи на тој начин оддавате позитивна слика за себе која го менува и тонот на разговорот;
  • Зборувајте умерено и јасно;
  • Давајте кратки и конкретни одговори на поставените прашања

Второ интервју

Второ интервју значи дека сте ја минале фазата на пре-селекција и дека оние кои ќе ве интервјуираат ќе бараат и докази дека навистина ќе придонесете кон целите на организацијата, дека работната позиција одговара на вашиот профил, дека ќе се вклопите во тимот, дека поседувате нешто што ќе ве издвои од останатите кандидати. Генерално треба да обрнете внимание на следново:

  • Прашајте за повратна информација од првото интервју особено за точки кои ви биле потешки за размислување или одговарање;
  • Дознајте што е можно повеќе информации за предизвиците со кои се соочува компанијата, приоритетите, пазарите на кои настапува, конкурентите и останати информации кои сте ги пропуштиле или заборавиле од првото интервју;
  • Дознајте ја агендата на интервјуата и кој ќе биде присутен;
  • Најдете начин да покажете ентузијазам за целите на компанијата;
  • Одговарајте концизно и конкретно во согласност со претходното интервју;
  • Подгответе примери од вашите достигнувања и на кој начин можат да се применат на новото работно место;
  • Зборувајте со инсајдери од индустријата и осигурајте се дека сте во тек со неодамнешните случувања во секторот.

Со успех!